Градот Скопје заедно со ЈСП СКОПЈЕ почна со имплементација на системот за автоматска локација на возилата и електронскиот систем на наплата, во возилата на јавниот градски превоз. Системот ќе почне со работа на 01.09.2015 година, а целосна функционалност е предвидена од 01.01.2016 година.
Влезот во возилото е исклучиво и задолжително на предната врата на автобусот каде е лоциран валидаторот (уред на кој сите видови на билети задолжително мора да се прочитаат/поништат/евидентираат).
Тоа е уредот со кој се чита картичката и се регистрира плаќањето за Скопска картичките се наоѓа исклучиво на влезот во возилото.
Времето на валидирање е неповеќе од 2 секунди - време кое е потребно системот да Провери дали картичката е валидна или не (истечена, оштетена, без доволно кредит).
Доколку картичката е исправна валидаторот сигнализира со зелено светло. Во случаеви на неисправна картичка, системот информацијата ќе ја прикаже на екранот од валидаторот и ќе ве информира дека валидацијата е неисправна, сигнализирајќи црвено светло.
Перонализирана и неперсонализирана.
Системот дозволува и плаќање со мобилен телефон - со повикување на специјално наменетиот број од сите мобилни телефони.
ВНИМАНИЕ! Зошто е многу важно секој патник да се валидира? Доколку не ја валидирате картичката при влегување во автобусот, ќе се смета дека не поседувате важечки билет! Секој патник е неопходно да се валидира при секое влегување во автобусот со што ќе се добијат податоци за протокот на патници во автобусите во секое време, по оделни постојки и линии, со што ќе се овозможи подобра оптимизација на возните редови и обезбедување поквалитетен превоз на патниците.
Погледнете го флаерот во pdf формат.
Градот Скопје заедно со ЈСП СКОПЈЕ почна со имплементација на системот за автоматска локација на возилата и електронскиот систем на наплата, во возилата на јавниот градски превоз. Со воведувањето на системот за автоматска локација на возилата и системот за електронска наплата, се очекува остварување на повеќе економски и социјални придобивки. Подигањето на квалитетот на превозните услуги, запазување на пропишаните возни редови, како и овозможување на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот во Градот. Во делот на наплатата, овој проект ќе овозможи лесна и брза наплата со намалување на времето на задржување на автобуските постојки. Исто така постои можност за воспоставување на најразлични видови на плаќања (можност за воведување на повеќе различни тарифни системи). Во делот на информирањето на патниците придобивките се очекуваат да бидат, во брзо навремено добивање на аудио и видео информации за пристигнување на автобусите на стојалиштата преку информационите, дисплеи на самите стојалишта, како и преку СМС и интернет. Не е за занемарување заштедата на горивото поради рационализација на превозот и пократкото стоење на возилата на постојките, а со тоа и помалото загадување на воздухот.
ПОВЕЌЕ ОД 500 АВТОБУСИ ОПРЕМЕНИ СО УРЕДИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ И СЛЕДЕЊЕ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ
ОПЕРАТИВЕН КОНТРОЛЕН ЦЕНТАР СО СЛЕДНИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ
1) изработка на возни редови и распоред на возачиПРОДАЖНА МРЕЖА
1) 8 инфо центри за изработка на персонализирани картички(Бит Пазар, Центар, Порта Влае, Аеродром, Карпош 2, дирекција на ЈСП, Шумарски Факултет и Транспортен Центар)50 ИНФОРМАТИВНИ ДИСПЛЕИ НА АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ
WEB СТРАНА , СМС СЕРВИС И МОБИЛНА АПЛИКАЦИА КОИ СОДРЖАТ
1) планер на патувањеЕЛЕКТРОНСКИ КАРИЧКИ СО ЧИП
Системот овозможува и опција за плаќање со мобилен телефон. Прво корисникот на јавниот превоз треба да ја активира услугата MOBIPAY на Македонски Телеком:
Доколку сакате по телефон да не контактирате можете да го сторите тоа на телефонскиот број